30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГал Гадот се трансформира во злобна кралица за Дизниевиот римејк на „Снежана“

Гал Гадот се трансформира во злобна кралица за Дизниевиот римејк на „Снежана“

Откако ја презеде мантијата на жената-чудо или „Вондер вуман“ во два филма (со трет на пат), Гал Гадот сака да го смени својот лик на добронамерна суперхероина за негативец во друг универзум.

Актерката, која моментално е во завршни преговори со „Дизни“, наскоро може да се појави пред огледалото како злобна кралица (Evil Queen) во претстојната студијска адаптација на „Снежана“. Продукцијата на филмот се очекува да започне во 2022 година.

Снимен според истоимената бајка на браќата Грим, оригиналниот анимиран филм „Снежана и седумте џуџиња“ беше објавен во 1937 година, по што доживеа огромен успех во светски рамки. Тој беше првиот долгометражен филм на „Дизни“.

Во него, лошата кралица имаше волшебно огледало кое секојдневно го прашуваше: огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е?

Марк Веб („Чудесниот спајдермен“) ќе го режира проектот заедно со Марк Плат како продуцент. 20-годишната Рејчел Зеглер, ѕвездата на новиот филм на Стивен Спилберг „Приказна од западната страна“, ќе ја глуми принцезата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП