7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАU2 најави нова песна на „Tик-ток“

U2 најави нова песна на „Tик-ток“

Легендарниот ирски рок-бенд „U2“ се придружи на социјалната мрежа „Тик-ток“, а во својата прва објава сподели дел од нова песна што излегува овој викенд со наслов Your Song Saved My Life.

Песната е снимена како музика за филм за претстојниот анимиран SING 2, а во филмот фронтменот на „У2“, Боно, ќе дебитира на анимираното платно како рок-ѕвездата Клеј Каловеј.

Исто така, дискографијата на бендот е достапна за корисниците, кои сега може да стават негови нумери како музичка придружба во своите објави.

Некои од песните на бендот, кои сега се достапни во библиотеката на „Тик-ток“, вклучуваат: Beautiful Day, With or Without You, Vertigo, Sweetest Thing, One и Where The Streets Have No Name. Овој месец се одбележуваат 30 години од револуционерниот албум Achtung Baby, а бендот ќе објави архивски снимки од некои од своите настапи и турнеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП