30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува продажбата на билети за Мундијалот

Стартува продажбата на билети за Мундијалот

brazil

Продажбата на билети за Светското првенство во фудбал во 2014-та година започнува денеска околу пладне, соопштија од ФИФА.

Навивачите можат да се здобијат со билет за шампионатот во Бразил кој ќе се одигра од 12-ти јули до 13-ти јули следната година само на официјалниот сајт на ФИФА.

Организаторите воведоа строги ограничувања, па така еден регистриран корисник на сајтот може да купи максимум четири билети за еден натпревар и не може да се земат билети за повеќе од седум натпревари на Мундијалот.

Во ФИФА внимателно ги разгледале мерките за борба против препродавачите и ќе се обидат да ја прекинат оваа практика. Продажбата ќе се одвива во три фази, а се очекува повеќето од фановите да ја почекаат ждрепката за групите која ќе се оддржи на 8-ми декември, пред да одлучат за кои натпревари да купат билет.

Најскапите билети се по цена од 990 долари за прва категорија за финалето на шампионатот, а најевтиниот е 90 долари за првиот круг во групите. ФИФА најверојатно ќе пушти во продажба вкупно околу 3,3 милиони билети за СП 2014.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП