20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМилош Биковиќ за несреќата на снимањето - „Мене ме учеа сам да...

Милош Биковиќ за несреќата на снимањето – „Мене ме учеа сам да го проверувам пиштолот“

Популарниот српски актер Милош Биковиќ денеска присуствуваше на прес-конференцијата одржана по повод премиерата на филмот “Južni vetar 2: Ubrzanje” и по тој повод зборуваше за неговата улога, но и за грешките што се случуваат за време на снимањето.

Причина за тоа е неодамнешната трагедија на снимањето на филмот “Rust” во која Алек Болдвин додека ја вежбал сцената ја уби Халина Хачинсон.

“Никогаш не се користи боева муниција на снимање, едноставно нема причина за тоа. Мене ме учеа пред вакви сцени сам да го проверам пиштолот, рамката, цевката пред вакви сцени… За жал, се се случува на снимањето“, рече Биковиќ и продолжи:

„На еден од нашите оружари, човек кој ни го проверуваше оружјето, се случи пушка да му откине прст затоа што не беше подготвена. Да беше во раце на некој друг, ќе беше пропуст на оружарот, но тоа му се случи нему“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП