Се применува одамна и претставува многу делотворна метода за елиминација на кашлицата…
Медот поседува висока биолошка активност и со помош на облоги може да го исфрли шлајмот кој е проследен со силни напади на кашлица.
Облогата врз база на мед е одлично средство кое ја елиминира силната кашлица, буквално за еден ден. Се препорачува како за децата, така и за возрасните.
Состојки:
Мед, брашно, билно масло, газа, салфетка и фластер
Како се подготвува:
Помешајте го брашното со помала количина на мед, така што ќе добиете смеса за облога.

Смесата не треба да се лепи на рацете. Можете да додадете малку масло и повторно да ја извалкате смесата во брашно.

Ставете ја смесата на салфетка, залепете ја на вас и преврзете се со газа.

Прицврстете ја на градите или грбот, со помош на фластери и топло облечете се. Внимавајте да не ја ставите облогата директно на срцето.

Оставете ја облогата 2-3 часа да делува кај децата, а кај возрасните може и подолго.
За ова време се случува активно потење, па можно е и постелнината да ви стане влажна. Затоа на чаршавот ставете уште некоја заштита.
Ваквите медени облоги имаат добро анти-инфламаторно делување и благ ефект на загревање. Третманот можете да го повторите неколку дена по ред, но веќе по првиот третман ќе забележите големи резултати.