27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо: Ќе им ја затнам устата на сите!

Роналдо: Ќе им ја затнам устата на сите!

Пред дербито Манчестер Јунајтед – Ливерпул, првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ порача дека ќе ги замолчи критичарите и ќе покаже поради што е дојден во Манчестер.

Од почетокот на сезоната веќе постигна 6 гола во сите натпреварувања, од кои посебно важни беа погодоците во ЛШ, против Вилјареал и Аталанта.

Сепак, тој уште од стартот е мета на критичарите дека не помага во одбраната.

„Знам кога на тимот му е потребна моја помош во дефанзива. Мојата улога е да донесам победа, играта во одбрана е само дел од мојата работа. Имам 36 години, освоив се. Мирно спијам. Ќе продолжам да работам и ќе им ја затнам устата на сите“, вели Роналдо.

Од почетокот на сезоната „црбените ѓаволи“ играат во променлива форма.

„Клубот врши промени, ме купија мене, Варан, Санчо. Потребно е прилагодување. Чекор по чекор. Битно е работите да ги освојуваме заеднички, не индивдуално. Мислам дека тоа е можно. Секој треба да има своја улога. Критиките се секогаш дел од работата, не ме загрижува тоа. Најважно е што јас сум се уште среќен и уживам во фудбалот. Ова е мое ново ппоглевје. Тука сум да му помогна на Манчестер да победува“, вели Португалецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП