26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 23-24.10.2021

Викенд хороскоп 23-24.10.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Без некои поголеми промени во однос на изминатата недела. Ве советуваме да не сметате на пријателства и да не верувате премногу секому, бидејќи можат да ве предадат и оние во чија лојалност сте биле сигурни. Најдобро би било да одложите некои важни работи.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Оние кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и ситуацијата да ја прикажувате во розова боја може да биде многу штетна врз вашата љубов.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Посветете му повеќе внимание на семејството, особено на децата или внучињата ако ги имате. Ќе бидете посреќни и поздрави. Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања. На професионален план некој ваш соработник ќе ви помогне да преминете во акција и да ја повратите загубената сигурност и надеж.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекуваат некои непријатностите кои можат да бидат поврзани со судски спорови. Викендот не е погоден за започнување на некои поголеми работи, бидејќи ќе делувате под влијание на негативните емоции. Финасиската ситуација ќе ви задава грижи.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Новите работни можности поврзани со образование, медиуми или промена на средината ви поставуваат прашања кои се однесуваат на иднината на вашиот приватен живот. Ако сакате да ги следите вашите цели потребни ви се одредени прилагодувања.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви проблеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да бидат пријатни за вас.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Не располагате со многу енергија, и доста сте нервозни. За подолгорочни планови не размислувајте, подобро е да се занимавате само со моменталната состојба, настојувајќи во најголема мера да искористите се што е во неа добро.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви се закануваат агресии, но засега ќе успевате да ги избегнете кавгите со околината особено со колегите и претпоставените. Ќе бидете нервозни и вашите потези нема да даваат најдобри резултати. Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во следните неколку дена ќе имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат некои неприлики и напнатости, па затоа ќе морате да бидете повнимателни, особено во меѓучовечките односи. Ви се закануваат непријатни изненадувања. Околината нема да ви биде наклонета, а ви се закануваат условно речено некои нешта кои ќе ви бидат направени зад грб.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Подгответе се однапред викендов ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Викендот пред вас нема да ви ви донесе некои позначајни новини во вашиот живот. Ќе морате главно сами вашето слободно време да го направите што поинтересно. Имате можности да ги искористите вашите фантазии и креативност. Одлично го чувате мирот во рамките на љубовната врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП