19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКралицата Елизабета Втора се врати во Виндзор по болничкиот преглед (ВИДЕО)

Кралицата Елизабета Втора се врати во Виндзор по болничкиот преглед (ВИДЕО)

Британската кралица Елизабета Втора, која беше во болница на „прелиминарни прегледи“, се врати во замокот Виндзор, соопшти Бакингемската палата.

„Кралицата отиде во болница во средата попладне на прелиминарни прегледи и се врати во Виндзор на ручек во четвртокот и е добро расположена“, се вели во краткото соопштение на палатата, објавено доцна синоќа.

Кралицата Елизабета Втора (95) во средата „неволно“ го прифатила советот на лекарот да одмори неколку дена и да ја откаже посетата на Северна Ирска.

Кралицата помина период во карантин поради корона вирусот во замокот Виндзор во близина на Лондон, а и покрај шпекулациите дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни ангажмани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП