24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАAлек Болдвин застрела и усмрти член на екипата среде снимање филм

Aлек Болдвин застрела и усмрти член на екипата среде снимање филм

Огнено оружје истрелано од ветеранот актер Алек Болдвин, кој глуми и продуцира вестерн, ја усмрти директорката на фотографија и го рани режисерот на филмот во четвртокот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Ново Мексико.

Службеници на канцеларијата на шерифот изјавија дека Халина Хачинс, директорка на фотографија за филмот Rust („Рѓа“) и режисерот Џоел Соуза се здобиле со прострелни рани, за жал, кај Хачинс фатални.

Хачинс (42) со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била прогласена за мртва од медицинскиот персонал, соопштија властите.

Соуза (48) со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар „Кристус Винсент“, каде што се лекува од повредите.

Портпаролот на Болдвин (68) рече дека несреќата се случила за време на снимање сцена од престојниот филм и дека била предизвикана од погрешно пукање на реквизитен пиштол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП