26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПотврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира.

Министерот за имиграција во владата на Австралија, Алекс Хок, ги потврди пишувањата на медиумите, дека невакцинираните нема да можат да влезат во Австралија.

„Добивме совет од нашите здравствени работници и нашите здравствени советници, да не ги пуштаме во државата луѓето кои не примиле две дози од вакцината“, рече Хок и дополни:

„Немам порака за Новак Ѓоковиќ. Имам порака за сите оние што сакаат да дојдат во Австралија, па и за него. Ќе мора да биде вакциниран со две дози“.

Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната, ќе се одржи од 17 до 30 јануари 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП