25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток со алое вера кој темелно ќе го исчисти вашето тело

Напиток со алое вера кој темелно ќе го исчисти вашето тело

Алое вера е билка чии позитивни својства за човековиот организам се познати уште многу одамна.

Освен што ја лекува кожата, таа е и совршен сојузник во борбата против изгореници и делува како чистач на телото. Сакате ли на телoто да му овозможите квалитетна детоксикација? Направете го овој напиток од Алое вера и исчистете го телото одвнатре.

Состојки:

– Вода

– Лимон

– Алое вера

Подготовка:

– Листот од Aлое вера исечете го колку што е можно поблиску до стеблото

– Со помош на нож или лажица притиснете и извадете го проѕирниот гел од листот

– Добиениот гел ставете го во стаклен сад

– Лимонот исцедете го и додадете го во садот и сето тоа прелијте го со вода

– Добро промешајте за состојките добро да се поврзат

Совет

– Односот на Алое вера, лимон и вода можете да го направите по желба, а препорака е една лажица алое вера гел, една лажица лимон на една чаша вода.

– Мислите дека ќе го оштетите растението со кинењето на листот? Не се грижете тоа се регенерира брзо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП