26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКари игра за најголема плата, Јокиќ на 24 место

Кари игра за најголема плата, Јокиќ на 24 место

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Стеф Кари и во сезоната 2021/2022 ќе биде најплатениот играч во НБА лигата. Кари ќе игра за плата од 45.780.998 долари. Веќе пет години, Кари се наоѓа на врвот на листата.

Покрај ѕвездата на Вориорс, уште шестмина кошаркари можат да се пофалат со плата поголема од 40.000.000 долари. Тоа се Џон Вол, Расел Вестбрук, Џејмс Харден, Демијен Лилард и Леброн Џејмс.

Топ 10 на оваа листа се комплетира со Кевин Дурент, Пол Џорџ, Јанис Адетокумбо и Клеј Томпсон.

Минато сезонскиот МВП, Никола Јокиќ, на оваа листа се наоѓа на 24.место. Јокиќ сезонава ќе заработи 31.579.390 долари.

Топ 10:

1. Стеф Кари 45.780.966 долари
2. Џон Вол 44.310.840
3. Расел Вестбрук 44.211.146
4. Џејмс Харден 43.848.000
5. Демијен Лилард 43.750.000
6. Леброн Џејмс 41.180.544
7. Кевин Дурент 40.918.900
8. Пол Џорџ 39.344.970
9. Јанис Адетокумбо 39.344.970
10. Клеј Томпсон 37.980.720

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП