1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Фиќо“ како симбол на Југославија

„Фиќо“ како симбол на Југославија

На 18 октомври 1955 година, во фабриката Застава во Крагуевац беше произведен првиот од 923.487 автомобили “Застава 750”, или популарниот “Фиќо”.

Овој автомобил, кој се појави во времето на индустрискиот развој на Југославија, беше направен по лиценца на италијанскиот Фиат, по кој и го носи надимакот.

Беше обожавано заради неговата економичност, па можеше да си го дозволи просечниот граѓанин. Покрај граѓаните, „Фиќо“ користеа и државните служби – полиција, пошти, здравствени центри и други.

Се започна откако земјата излезе од Втората светска војна. Новоформираната Сојузна Народна Република Југославија ја забрза својата индустријализација, но стандардот и куповната моќ на нејзините граѓани останаа многу ниски.

Како и да е, државниот врв размислуваше за производство на патнички автомобили. Меѓутоа, за да можеше фабриката да работи одржливо, се проценувало дека мора да произведува и продава најмалку 10.000 автомобили годишно. Како што изгледало невозможно, оправданоста на проектот била доведена во прашање.

Во тоа време, военото раководство, за свои потреби, побарало од компанијата „ВТЗ“ во Крагуевац да откупи лиценца за производство на возилата „Џип Вилис Оверленд“, и тие беа првите возила кои беа составени во Застава, уште во 1953 година.

Подоцна, по апелот на раководството на Застава, и покрај тензиите што Југославија ги имаше со Италија, а кои се рефлектираа со кризата во Трст, државата одлучи дека, ако Трст не е веќе наш, можеби „Фиќо“ може да биде.

Преговорите со Фиат започнале и ги водел инженерот Бранко Николиќ. По четиримесечни макотрпни преговори, бил постигнат конечен договор, под превезот на тајност, и во 1954 година започнало со монтажа првото воено теренско возило Фиат АП-55, познато и како Кампањола, а потоа и патничките возила Фиат 1400 БЈ и Фиат 1100 Б.

На 18 октомври 1955 година, секојдневниот живот во Југославија беше променет бидејќи во Застава во Крагуевац беше направен автомобилот „Застава 750“.

Првиот примерок имал само 23 коњски сили, а последниот, произведен во 1985 година, имал 27 коњски сили и денес се чува во музејот „Застава“. Продажбата не се намалила дури и кога се појавиле многу подобри автомобили, а „Фиќо“ доживеа светска популарност.

Вкупно, во светот биле произведени речиси пет милиони примероци од овој автомобил, повеќето од нив во фабриката во Торино, 2.695.197, во Застава 923.487, во Шпанија 814.926, во Аргентина 304.016, во Германија 172.000 и во Чиле околу 12.000 автомобили.

„Фиќо“ беше симбол на времето кога скоро секој можеше да купи нешто што во тоа време претставуваше исклучителен капитал, но и симбол на просперитетот на земјата која се грижи за обичниот, работен човек, давајќи му можност да си дозволи економичен автомобил по прифатлива цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП