25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Колдплеј“ ќе престане да снима музика по нивниот 12. албум

„Колдплеј“ ќе престане да снима музика по нивниот 12. албум

Британскиот бенд „Колдплеј“ оваа недела го издава својот деветти студиски албум Music of the Spheres, а фронтменот Крис Мартин откри дека ќе направат само уште три аудио записи пред да го напуштат студиото засекогаш.

„Мислам дека за неколку албуми ќе завршиме со изработка на нова музика. Ова не е шега, ова е вистина, мислам дека бројката 12 ќе биде крајот на нашиот каталог,” рече тој.

Сепак, фронтменот Крис не би сакал „Колдплеј“ целосно да се повлече, бидејќи 44 -годишниот пејач е заинтересиран за бендот – во чиј состав се Џони Бакленд, Гај Бериман и Вил Чемпион – да свират на настапи во живо додека не наполнат 70 години.

„Секогаш ќе сакаме да свириме заедно. Мислам дека на начин како што тоа го прават ‘Стоунс’ ќе биде многу кул ако сè уште можеме да одиме на турнеја на 70 години. Тоа ќе биде супер доколку некој сака да дојде”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП