25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИстражување: Една особина открива зошто некоја жена е подобра во кревет

Истражување: Една особина открива зошто некоја жена е подобра во кревет

Според една студија објавена во научното списание “Sexual Medicine”, 43 проценти од жените страдаат од сексуална дисфункција (ниско либидо, ретки оргазми, болни односи).

И иако многумина можат да ја припишат оваа состојба на медицински фактори (лекови, апчиња за контрацепција, итн.), постојат докази дека женската сексуална дисфункција се припишува на личноста на поединецот.

Од таа причина, истражувачите се фокусираа на жените кои биле на лекување во тоа време со цел да ги решат своите сексуални потешкотии.

Им биле дадени тестови за да одредат кои од нивните карактеристики (како што се екстровертност, добрина, совесност, емоционална стабилност и отвореност за нови искуства) се најидентични.

Потоа биле прашани како се справуваат со ситуациите, на пример колку брзо прифатиле одредена ситуација или како се справиле со одреден проблем. Според студијата, начинот на кој се справуваме со настаните го зголемува или намалува стресот кој го чувствуваме.

Врз основа на одговорите на жените, истражувачите откриле дека жените кои веројатно имале понегативен став кон животот, имале и послаби сексуални функции.

Истражувањето исто така откри дека жените кои се повеќе екстровертни, како и оние кои се поотворени за нови искуства, имаат тенденција подобро да функционираат сексуално, за разлика од жените кои се интровертни или помалку отворени за различни искуства. Истото важеше и за жените кои се склони да гледаат на животот депресивно или да се казнуваат.

Накратко, уживањето во сексуалниот живот може да зависи од тоа колку сте позитивни за животот воопшто, наод поддржан од други истражувања, како она објавено во 2016 година, кое заклучи дека повеќето екстровертни луѓе имаат поактивен сексуален живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП