9 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБотас на пиедесталот во Истанбул, втор е Ферстапен – Хамилтон дури петтопласиран

Ботас на пиедесталот во Истанбул, втор е Ферстапен – Хамилтон дури петтопласиран

Финскиот Формула 1 возач – Вактери Ботас е победник на денешната трка во Истанбул за Големата награда на Турција. Возачот на Мерцедес, кој од пол-позицијата ја стартуваше дождливата трка во Турција, на крајот зад себе ги остави двата болида на Ред Бул.

Второпласиран денеска со задоцнување од над 14,5 секунди беше Макс Ферстапен, а место на подиумот има и за вториот „бик“ – Серхио Перез кој доцнеше над 33 секунди зад победникот.

Четвртата позиција денеска беше резервирана за возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, кој поради казната за промената на моторот мораше денеска да стартува како 11-ти, на крајот стигна до петтата позиција.

Бодови на денешната трка освоија и Гасли, Норис, Сајнц, Строл и Окон.

Денешната позиција на Ферстапен му донесе враќање на врвот во генерален пласман во однос на Хамилтон. Сега Холанѓанецот има +6 бода во однос на Британецот.

Борбата за титулата на 6 трки до крајот и понатаму е отворена.

Следната трка е закажана за 24. октомври на патеката во Остин, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП