26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрамата во Лас Вегас со среќен крај за Фјури – Вајлдер нокаутиран...

Драмата во Лас Вегас со среќен крај за Фјури – Вајлдер нокаутиран во 11. рунда

Британскиот боксер Тајсон Фјури (31-0-1) покажа и докажа дека во моментов е навјеројатно најдобриот „тешкаш“ во светот на боксот откако рано утринава во Лас Вегас во спектакуларен меч во 11. рунда го нокаутираше предизвикувачот Дионтеј Вајлдер (42-2-1).

„Кралот на циганите“ како популарно се нарекува Фјури по оваа борба ќе има можност да се бори да освои појас во сите 5 категории во различните организации. За да се случи тоа тој ќе мора да го почека ревашнот меѓу Џошуа и Усик, па да го предизвика подобриот од тој дуел.

Вајлдер ги имаше свои моменти, особено во четвртата рунда кога двапати го испрати Фјури на подот, но Британецот успеа да се консолидира и целосно да го контролира остатокот од мечот.

Трипати Вајлдер завршуваше на подот за време на овој меч.

Сепак во единаесетата рунда Фјури дојде до нова нокаут победа и остана непоразен и во својот 32-ри професионален меч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП