3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон ја одби понудата за Фелаини и Бејнс

Евертон ја одби понудата за Фелаини и Бејнс

felaini bejns

Англискиот премиерлигаш Евертон ја отфрли понудата во вредност од 28 милиони фунти која пристигна од Манчестер Јунајтед за откуп на фудбалерите Маруан Фелаини и Лејтон Бејнс.

Според медиумите на Островот, 16 милиони биле предложени за правата на белгискиот репрезентативец, додека англискиот лев бек е проценет на 12 милиони фунти.

Екипата на Евертон веќе отфрлија една понуда со иста вредност за Бејнс во јуни. Фелаини пак стана главна трансферна цел на „црвените ѓаволи“ за пополнување на средниот ред по неуспесите на трансферниот пазар со Тиаго Алкантара и Цеск Фабрегас.

Фелаини имаше ослободувачка клаузула во својот договор со вредност од 23,5 милиони фунти, но таа истече на крајот на јули.

Менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“, Дејвид Мојс, кој го водеше Евертон во изминатата сезона во англиската Премиер лига, има голема желба овие двајца фудбалери да ги донесе во својот нов тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП