26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО18 поранешни НБА кошаркари обвинети за измама со здравствено осигурување

18 поранешни НБА кошаркари обвинети за измама со здравствено осигурување

Осумнаесет поранешни НБА кошаркари се обвинети за измама со здравственото осигурувањеод околу четири милиони долари, соопштија официјалните лица.

Според обвинението, поранешните кошаркари земале пари преку презентирање на лажни потврди за издавање медицински и стоматолошки услуги, кои всушност никогаш не биле издадени.

Како што беше објавено, оваа измама е извршена во периодот од 2017 до 2020 година, во вкупен износ од 3,9 милиони долари. Од тоа, обвинетите присвоиле околу 2,5 милиони долари нелегален приход.

Според АП, 16 обвинети се во притвор.

НБА лигата не коментираше веднаш по ова прашање.

Меѓу обвинетите е и Ентони Ален, член на шампионската екипа на Бостон Селтикс од 2008 година. Исто така обвинета е и неговата сопруга.

Обвинет е и Себастијан Телфер, поранешна средношколска ѕвезда во Њујорк, кој беше високо ценет кога стана професионалец, иако неговата НБА кариера во осум различни тимови не беше она што се очекуваше.

Меѓу обвинетите има четворица шампиони во НБА. Роналд Глен Дејвис, заедно со Ален, кој беше дел од шампионскиот тим на Бостон. Шенон Браун освои два шампионски прстени со Лос Анџелес Лејкерс, додека Мелвин Илај беше шампион со Сан Антонио во 2007 година.

Обвинети се и Ентони Ротен, Рубен Патерсон и Дариус Мајлс, како и Милт Паласио, поранешен кошаркар на Партизан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП