9 декември, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХамилтон за својот моден избор: Секој треба да биде тоа што сака

Хамилтон за својот моден избор: Секој треба да биде тоа што сака

Луис Хамилтон, како многупати досега, го искористи пристигнувањето на Турското ГП да носи храбар избор на облека со син килт и јакна во Истанбул, и посочи дека сака да ги инспирира другите да бидат потолерантни.

36-годишниот Ф1 великан одговори на прашањата кои немаат врска со тесната битка за титулата со холандскиот ривал Макс Ферстапен.

„Мислам дека килтот е храбар. Навистина ми се допаѓа што прави ‘Бурбери’ и се заљубив во оваа облека. Кога ќе најдам нешто онлајн што ми се допаѓа го земам. Пред неколку години имав фотосесија за ‘Џи Кју’ со килт, кој беше посебно направен од Томи Хилфигер. Секој може да носи што сака. Има луѓе кои нема да го разберат изборот, но тоа е океј. Се надевам дека некому ќе можам да му го отворам умот и да покажам дека може да биде тоа што сака“, вели Хамилтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП