Со освежениот модел „iPad Pro“ на почетокот на оваа година, „Apple“ имплементираше мини „LED“ дисплеј во својата линија „iPad“. Сепак, можно е мини „LED“ да биде преодна карактеристика, а крајните намери на „Apple“ се да се префрлат на „OLED“. Сега „The Elec“ известува дека „OLED iPad“ може да се појави во следните 2-3 години.
Во извештајот се тврди дека „LG“ наводно започнал со развој на „OLED“ панели за 12,9-инчниот „iPad Pro“ и дека тие панели би можеле да бидат подготвени за модели на таблети од 2023-та или 2024-та година. Ова значи дека во текот на следната година или две, „Apple“ би можел да продолжи да користи мини „LED“ дисплеи.

