28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСите зборуваат за Адел, новите фотографии го одземаат здивот (ФОТО)

Сите зборуваат за Адел, новите фотографии го одземаат здивот (ФОТО)

Британската поп пејачка Адел позираше за ноемвриското издание на „Вог“ и по тој повод зборуваше за мајчинството, разводот, новиот албум и зошто е посебен.

Пејачката ја нарече годината „година на анксиозност“, која прерасна во развод, за која вели дека поминала „без проблеми како што може да помине еден развод“. Таа напомена дека го напуштила сега веќе поранешниот сопруг Симон Конецки и дека ако не го сторила тоа „би била несреќна ако не се стави на прво место“.

Таа, исто така, се осврна на врската со нејзиниот син:

Еден ден, кога имаше само шест години, ми рече во лице:

“Дали ме гледаш? Реков да. А тој ми рече дека не може да ме види. Па, целиот мој живот се распадна во тој момент. Знаеше дека не сум таму, до него, психички”.

Таа одлучи „оттогаш да започне да споделува се со него“, а напиша и песна за нејзиниот син.

Таа посочи дека новиот албум се разликува од другите: “Сфатив дека јас сум проблемот и работам на тоа да се вратам. Знам што сакам. И навистина знам што не сакам”, рекла Адел.

Интервјуто беше пропратено со прекрасни фотографии направени од Аластер Меклелан. На нив, дивата изгледа беспрекорно, а медиумите се особено заинтересирани за насловната страница каде Адел позира во раскошен зелен фустан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП