29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПланот на „Alfa Romeo“ - 5 нови модели до 2026-та

Планот на „Alfa Romeo“ – 5 нови модели до 2026-та

Извршниот директор на „Alfa Romeo“, Жан-Филип Импарато, објави дека неговата компанија има во план да лансира еден нов модел годишно, кој ќе трае до 2026-та година. Марката потоа ќе стане производител на целосно електрични автомобили.

Имплементацијата на овој план започнува со сериска верзија на концептуалниот компактен кросовер „Tonale“, која ќе биде претставена во март следната година. Премиерата на моделот беше одложена бидејќи на Импарато не му се допадна хибридната погонска единица и нареди да се редизајнира.

Шефот на „Alfa Romeo“ е категоричен дека од 2027-ма година сите модели на марката ќе бидат електрични. Пред тоа, сепак, компанијата ќе мора да го подобри својот деловен модел, а тоа ќе се случи со вклучување на два нови кросовери во својата гама на модели. Едниот е „Tonale“, а другиот сѐ уште нема име, но ќе биде уште покомпактен.

Импарато додаде дека „Alfa Romeo“ одлучи да се фокусира на задоволството при возењето, а не на технологијата. Тој го повтори она што го кажа пред извесно време, имено дека „не сака да продава „iPad“ со автомобил“. За таа цел, „Alfa Romeo“ ја напушта платформата „Giorgio“, која е основа на сегашните модели на брендот – „Giulia“ и „Stelvio“. Таа ќе биде заменета со „STLA-large“, кој исто така ќе го користи „Maserati“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП