29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМикро кркми повторно во мода

Микро кркми повторно во мода

Кога славните дами иницираат одреден тренд, тогаш знаеме дека тоа е дефинитивно „ин“. Кратките кркми повторно се враќаат во мода, а Меган Фокс, Лејди Гага и Дуа Липа веќе ги носат.

Микро кркми, познати и како „бејби бенгс“, се нов фризерски тренд што со задоволство го прифатија славните дами. Пејачката Дуа Липа ги покажа за време на снимањето на кампањата за „Версаче“, манекенката Бела Хадид веднаш прифати да експериментира, а актерката Меган Фокс, иако со вештачки, прошета по црвениот тепих на модната екстраваганца „Мет гала“.

Овој тренд набргу го прифати и Лејди Гага, која на својот профил на социјалните мрежи претстави фризура инспирирана од изгледот на легендарната Холи Голајтли, ѕвездата на филмот „Појадок кај Тифани“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП