26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМашините навистина ќе ги заменат луѓето: Технологијата ја уништува средната класа

Машините навистина ќе ги заменат луѓето: Технологијата ја уништува средната класа

future-Robots

Големата рецесија – како што се нарекува сегашната светска криза, ширум светот се затворени милиони работни места за средната класа. Истото ги чека уште милиони луѓе, смета агенцијата „Assotiated Press“ во анализата за пропаѓање на средната класа и улогата на технологијата во тоа.

Повеќето работни места се неповратно изгубени, бидејќи истите се засекогаш затворени. Не станува збор само за работните места во фабриките, туку се повеќе работници без работа остануваат и од услужниот сектор кој го сочинуваат две третини од целокупниот број на работни места, наведуваат експертите кои го истражуваат пазарот на трудот.

Тие истакнуваат дека се поголемо првенство и се дава на технологијата, бидејки од година во година компјутерските програми и многубројните машини стануваат се пософистицирани, помоќни и поспособни работите да ги извршуваат поефикасно од луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП