20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмот за Бонд во еден ден заработи 5 милиони фунти во Обединетото...

Филмот за Бонд во еден ден заработи 5 милиони фунти во Обединетото Кралство

Последниот филм на Даниел Крег како Џејмс Бонд, „Не е време за умирање “, заработи меѓу 4,5 и 5 милиони фунти на првиот ден во кината во Велика Британија и во Ирска, проценија продуцентите.

Филмот беше одложен неколку пати поради светската здравствена криза и индустријата внимателно набљудува дали може да ги подигне приходите од киноблагајните на нивоа пред пандемијата.

Заработката во првиот ден на прикажување е 13% повисока од Spectre (2015), но 26% пониска од Skyfall (2012), објави „Јуниверзал пикчрс“.

„Тоа беше и најобемно киноиздание во Обединетото Кралство на сите времиња“, додаваат тие.

„Јуниверзал“ наведува дека No Time To Die се отвори во 772 киносали во Велика Британија и Ирска во четвртокот – 25 повеќе од претходниот рекордер, „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“, во 2019 година.

Повеќе од 30.000 луѓе присуствувале на полноќните проекции во Велика Британија и Ирска, каде што беа продадени 1,6 милиони авансни билети за првите четири дена, соопшти студиото.

Ова ги надмина вкупните авансни резервации за „Спектре“за повеќе од 12% и е на иста линија со „Скајфол“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП