Ја преболе својата поранешна љубов и продолжи понатаму.
Анџелина Џоли и канадскиот пејач Викенд, веќе подолго време поттикнуваат гласини дека се во љубовна врска, а неколкупати биле забележани на романтична вечера во Лос Анџелес.
Познатата актерка и пејачка помина два и пол часа во приватниот дел на луксузниот семеен италијански ресторан „Џорџо Балди“ во Санта Моника, популарен дел од Лос Анџелес.
Овој ресторан беше местото каде Анџелина и Викенд излегоа за прв пат на 30 јуни, пренесува „Daily mail“.
Иако Анџелина се потруди да дојде на вечера сама во осум навечер, сепак не и пречеше да излезе од ресторанот со пејачот, а потоа да се качи во неговиот автомобил, по што се возеа до неговата вила вредна 70 милиони долари на Бел ер.
