19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа нов „Mercedes“ ќе се чека повеќе од една година

За нов „Mercedes“ ќе се чека повеќе од една година

Глобалниот недостаток на микрочипови стана голем проблем за автомобилската индустрија, што ги засега сите производители.

Недостатокот се појави на почетокот на годината и ги принуди најголемите компании дури и да го прекинат производството за различни периоди.

Еден од последните производители што се соочи со недостаток на електронски компоненти е „Mercedes-Benz“. Од германското издание „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ открија дека некои од клиентите на марката ќе бидат принудени да чекаат на своите нови автомобили повеќе од една година. Според „Reuters“, информацијата доаѓа директно од извршниот директор на „Daimler“ – Ола Калениус.

„Побарувачката за автомобили на „Mercedes-Benz“ е огромна, но во исто време, за жал, постојат сериозни ограничувања за нивното производство. За некои модели, чекањето е подолго отколку што би сакале, а периодот може да надмине една година“, рече Калениус.

Шефот на „Daimler“ ја повтори својата прогноза дека проблемот со недостаток на чипови ќе се реши не порано од 2023-та година. Сепак, тој верува дека притисокот врз производителите ќе се намали во втората половина на 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП