26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекарите предупредуваат: Не треба да го правите ова кога ќе се разбудите

Лекарите предупредуваат: Не треба да го правите ова кога ќе се разбудите

За да бидете сигурни дека ќе се разбудите во вистинското време на вашиот РЕМ циклус, кажете збогум со одложувањето на алармот наутро.

„Без разлика колку лошо спиете во одредени ноќи, мора да станувате секое утро во исто време“, вели терапевтот Деирдре МекСвини, пренесува Н1.

Повеќето аларми на паметните телефони имаат време за одлагање(snooze) од девет минути. Не е јасно зошто ова беше избрано како идеално време, но стана стандард се до денес. Оние дополнителни девет минути што спиете подолго можеби не изгледаат опасно, но можат да влијаат на квалитетот на вашиот сон.

За да се разбудите ефикасно, треба да се разбудите на крајот од вашата РЕМ фаза. РЕМ фазата е кратенка од брзото движење на очите и се случува кога сте во длабок сон.

Кога ќе го притиснете копчето за одложување(snooze), ќе си дадете уште девет минути за да се вратите во РЕМ фазата. Значи, кога ќе притиснете на одложување, можно е да бидете во средината на РЕМ фазата. Тоа значи дека тие дополнителни девет минути спиење воопшто нема да ви помогнат.

За да бидете сигурни дека ќе се разбудите во вистинско време од вашиот REM циклус, кажете му збогум на копчето за одложување. Ако станувањето од кревет штом ви ѕвони алармот изгледа невозможно, време е да ги преиспитате навиките за спиење.

Ако не можете да станете дури и по неколку одложувања, тоа може да значи дека страдате од нарушување на спиењето или едноставно имате премалку квалитетен сон. „Обезбедете си најмалку седум до осум часа добар сон“, вели д -р Рина Мехра од клиниката во Кливленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП