Седумкратната добитничка на „Греми“, Мадона, застана топлес зад црвена завеса за да го најави рок-документарецот „Мадам икс“, чија премиера ќе се одржи на 8 октомври на „Парамаунт плус“.
Фотографијата ја сподели на својот инстаграм-профил како најава за својот филм.

Рикардо Гомез, личниот видеограф на поп-кралицата (63), го режираше филмот за време на нејзиниот настап во Лисабон, Португалија, во рамки на концертната турнеја во периодот 2019-2020 година.
Турнејата Madame X прекина поради пандемијата на коронавирус, а Мадона беше принудена да откаже 14 концерти откако ги повреди коленото и колкот.
Музичката суперsвезда го заврши документарецот во април по седуммесечна продукција, а првпат го прикажа во специјална проекција за 12 луѓе.