19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lada“ се враќа во Европа во 2024-та

„Lada“ се враќа во Европа во 2024-та

Рускиот производител „AvtoVAZ“ ќе се врати на европскиот пазар во 2024-та година. Ова го откри неговиот шеф Николас Мур во интервју за француското издание „Chalenges“.

Враќањето ќе биде со следната генерација „Lada Niva“, која, според Мур, ќе биде достапна во две варијанти и ќе има иста теренски способности како и „Land Rover Defender“.

Првиот теренец ќе биде пуштен во продажба во 2024-та година, и ќе се базира на новата „Dacia Duster“ (во Русија, овој модел е достапен под брендот „Renault“), што значи користење на модуларната платформа „CMF-B“.

Поголемиот кросовер „Dacia Bigster“, чија премиера е закажана за 2025-та година, ќе се базира на истата архитектура. Соодветно на тоа, една година подоцна ќе издаде продолжена верзија на рускиот теренец, која ќе го носи името „Grand Niva“.

Двата модела на „Lada“ ќе бидат достапни на европските пазари. Според шефот на „AvtoVAZ“, цената на новата „Niva“ ќе варира помеѓу 12.000 и 16.000 евра, во зависност од нивото на опремата. Проширената верзија ќе започне од 20.000 евра.

Николас Мур и неговиот колега од „Dacia“ – Денис Ле Вот, се убедени дека руските теренци нема да бидат инфериорни во однос на најдобрите модели во светот, наведувајќи го примерот на „Land Rover Defender“. Благодарение на тоа, „AvtoVAZ“ планира да го зголеми својот извоз во странство од сегашните 40.000 машини на 100.000 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП