20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРААдел и официјално го покажа својот нов партнер

Адел и официјално го покажа својот нов партнер

Со серија фотографии во стилот на Џеј Ло, поп-дивата Адел ја потврди врската со својот нов партнер, спортскиот агент Рич Пол.

Црно-белата фотографија која пејачката ја објави на својот инстаграм-профил го прикажува парот во елегантно издание.

Фотографијата е направена на свадбата на кошаркарската sвезда Ентони Дејвис во Лос Анџелес.

Британската ѕвезда на себе има црн фустан со бели пуф ракави преку рамената во форма на облак, а носи и големи златно-бисерни обетки. Прославениот спортски агент, кој ги претставува Леброн Џејмс, Бен Симонс и еден куп други познати спортски икони, носи класичен смокинг за настанот.

Пејачката (33) прв пат ја поврзаа со Пол (39) пред два месеца, кога двојката присуствуваше на НБА-финалето на натпреварот во Феникс.

Адел претходно беше во врска со раперот Скепт по нејзиниот развод од Симон Конецки во 2019 година. Со поранешниот сопруг имаат заедничко старателствого над нивниот осумгодишен син Енџел Адкинс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП