27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо пак беше стрелец, ама Де Хеа е херојот на „ѓаволите“, фати...

Роналдо пак беше стрелец, ама Де Хеа е херојот на „ѓаволите“, фати пенал во 95-та

Со четвртиот гол на третиот меч во дресот на Манчестер Јунајтед, португалскиот ас Кристијано Роналдо му донесе на својот тим израмнување на резултатот во првото полувреме, на гостувањето кај екипата на Вест Хем, 1:1 во рамки на 5. коло во Премиерлигата.

Иако „ѓаволите“ губеа во Лондон со голот на Бенрахма во 30 минута, сепак Португалецот најдобро се најде во мешаницата пред домашниот голман и во 35-тата минута погоди за Јунајтед за 1-1.

Во второто полувреме гостите од „Олд Трафорд“ тргнаа по преостанатите два бода, ја имаа топката повеќе во нозете, упатија и повеќе директни удари во рамките на голот на Фабијански.

Роналдо беше најсериозната закана за противничкиот гол, имаше прилика во 47. минута, а во 77. и во 92. минута паѓаше во шеснаесетникот на Вест Хем, но судијата Мартин Еткинсон само одмавнуваше со раката.

На средината на вториот дел бројот на изведени корнери на мечот гласеше 1:11, додека вкупниот број на упатени удари во рамки на голот беше 10-3 во корист на гостите.

Сепак, иницијативата на фаворитот вроди со плод во самиот финиш, во 89 минута. Нововлезениот Џеси Лингард, кој и не добива премногу шанса кај Солскјер, ја заврши одличната соло акција со погодок и водство од 2-1.

Се играше 93 минута кога при една акција на домашните топката удри во раката на Лук Шо. По ВАР асистенција домашните добија пенал, а Марк Нобл не беше сигурен реализатор, голманот Де Хеа е херојот на „црвените ѓаволи“, го одбрани неговиот удар и ги однесе трите бода во Манчестер.

По 5 одиграни натпревари, тимот од Манчестер заедно со лидерот на табелата Ливерпул имаат по 13 бода, до 4 победи и едно реми.

Во истиот термин екипата на Брајтон со 2-1 и со многу среќа го совлада тимот на Лестер Сити.

Мапеј во 35 минута од пенал ги доведе домашните во водство, а Дени Велбек во 50 минута зголеми на 2-0.

На 2-1 во 61 минута намали Џејми Варди, а подоцна, во 67 и во 86 минута гостите постигнаа уште два гола, ама и двата беа поништени поради офсајд, по ВАР сигнализација.

Изненадувачки, по 5 кола Брајтон е третопласиран со 4 победи и 1 пораз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП