29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи извлече реми кај Лестер, Елмас доби помалку од половина час

Наполи извлече реми кај Лестер, Елмас доби помалку од половина час

Виктор Осимен постигна два гола за да помогне Наполи да се врати од 2:0 негатива кај Лестер и да извлече поен од тешкото гостување во првото коло на Лига Европа, во меч во кој македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас влезе во игра во 64. минута.

На „Кинг пауер“, Ајозе Перез ги донесе „лисиците“ во водство уште во 9. минута, а изгледаше дека домаќинот ќе стигне до убедлива победа кога Харви Барнс во 64. минута зголеми на 2:0, откако претходно им беше поништен и голот на Дака. Меѓутоа, Осимен пет минути подоцна намали на 2:1, за во 85. минута да извлече нерешен резултат за „партенопеи“.

Интересно беше и во Холандија, каде што ПСВ Ајндховен и Реал Сосиедад одиграа идентично 2:2 реми, додека Лион лесно со 2:0 славеше на преполниот „Ајброкс“ против Ренџерс. Монако со 1:0 го совлада Штурм, додека на Фенербахче во драматична завршница им беше поништен гол во 93. минута за да одиграат 1:1 на гости кај Ајнтрахт, откако прво Месут Озил ги донесе во водство уште во 10. минута.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО

ГРУПА А

Брондби – Спарта Прага 0:0

Ренџерс – Лион 0:2

ГРУПА Б

Монако – Штурм Грац 1:0

ПСВ Ајндховен – Реал Сосиедад 2:2

ГРУПА Ц

Лестер – Наполи 2:2

ГРУПА Д

Ајнтрахт Франкфурт – Фенербахче 1:1

Олимпијакос – Антверпен 2:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП