19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСостојка која може да го забави процесот на стареење

Состојка која може да го забави процесот на стареење

Американски научници откриле дека едно соединение може да ни помогне да го забавиме процесот на стареење така што ќе го забрза нашиот метаболизам зголемувајќи го нивото на енергија и подобрувајќи ја чувствителноста на инсулин.

Станува збор за никотинамид мононуклеотид (НМН), кој може да се најде во зеленчукот и овошјето, а исто така и нашето тело природно го произведува.

Истражувањето направено на животни потврдило дека ова соединение навистина има антиејџ ефект, и сега научниците планираат да продолжат со истражувањата кои ќе се направат на луѓе.

Она што научниците го откриле е дека НМН имал ефект само на повозрасните животни.

Причина за тоа е фактот дека количината на НМН во организмот се намалува со текот на годините, така што на старите животни ова соединение навистина им било потребно, и како резултат на тоа кај нив е забележано зајакнување на организмот и покачување на нивото на енергија.

Никотинамид мононуклеотид е најмногу сконцентриран во домати, авокадо, брокула, зелка, краставица и грав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП