20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои се најдобар извор на протеини

Намирници кои се најдобар извор на протеини

Протеините, покрај водата, се најзначајните материи за правилно функционирање на нашиот организам.

Според новото истражување, нутриционистите велат дека не е само важно да внесете доволна количина на протеини во телото, туку важни се и намирниците преку кои ги внесуваме.

Причината за тоа е многу едноставна, секој извор на протеини, од пилешко месо до кикирики, се состои од различни аминокиселини од кои протеините се изградени. Од 20 видови на аминокиселини, девет се потребни за нашиот организам, а тие не се наоѓаат во еднакви количини во сите намирници богати со протеини.

Нутриционистите направија листа со најдобрите протеински намирници кои се богати со сите материи кои му се потребни на нашето тело:

Јајца

Јајцата не содржат само 6 грама протеини по парче туку содржат и шест грама од највредните протеини.

Свежо зрнесто сирење

Една шолјичка содржи дури 25 грама протеини и 18 проценти од потребниот дневен внес на калциум, исто така, богато е и со казеин, протеин кој најбавно се вари и поради кој нема да бидете гладни неколку часа.

Пилешко месо

Пилешките гради содржат 30 грама протеини, а се најздрав избор на белковини од сите видови на месо бидејќи содржат најмалку масти.

Цели зрна житарки

Содржат повеќе протеини од сложените јаглени хидрати, а меѓу најдобрите извори на белковини се квиноја, булгур и фрекех.

Риба

Освен што е исклучителен извор на протеини, богата е и со омега 3 масни киселини кои го чуваат здравјето на срцето.

Мешунки

Богати се со протеини, но и со витаминот Б. Една шолјичка грашок содржи дури 8 грама протеини.

Грчки јогурт

Идеален е за појадок или меѓуоброк, а содржи дури 17 гр протеини.

Јаткасти плодови

Познато е дека се богати со добри масти, но содржат и протеини кои се повеќе од потребни за секој организам.

Лиснат зелен зеленчук

Кељ, спанаќ, блитва и други видови на лиснат зелен зеленчук се богати со протеини, на пример, 70 калории спанаќ содржат околу 10 грама протеини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП