27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗверев имаше порака за Новак: Тој е најголем со причина!

Зверев имаше порака за Новак: Тој е најголем со причина!

По поразот од Новак Џоковиќ во полуфиналето на УС Опен, иако видно разочаран, Александар Зверев имаше многу убава порака за најдобриот тенисер на светот.

Зверев стигна до полуфиналето на турнирот во Њујорк по победата над Џоковиќ во полуфиналето на Олимписките игри, имаше и водство од 1-0, но Новак сепак беше премногу добар и дојде до голема победа.

„Тоа беше голема борба. Се разочарав на почетокот на петтиот сет, но да бидам искрен, тоа беше добар натпревар. Оставивме се што имавме на теренот. Вториот брејк во петтиот сет беше комбинација од несреќни околности, но се случува и тоа. Новак е најдобар на светот со причина, и тоа го докажа“.

Германецот, потоа се осврна на фактот дека на Џоковиќ му остана само уште еден чекор за да го заврши „календарскиот слем“:

„Одлично е за спортот. Никој не веруваше дека некој ќе може да го повтори она што го направи Род Лејвер. Новак ја има таа шанса, и верувам дека ќе ја искористи. Ги руши сите можни рекорди пред себе. Ако ја погледнете статистиката, тој е најголем во историјата. Никој не може да се мери, има најмногу недели на прво место, најмногу мастерс титули, најверојатно и Гренд слем титули, сега можете дури и да стигне и до календарски слем… Како да се натпреварувате против тоа? “

Потоа, тој откри која е тајната на Новак:

„Тој игра најдобро кога е потребно, што не можат да го направат многу играчи. Затоа е најдобар на светот. Имавме 53 удари во еден поен, а единствениот начин да го добијам беше да погодам винер со форхенд. Тоа доволно кажува. И тоа на поен за сет. Гледате, има причина зошто го постигна сето тоа – психички тој е најсилниот играч на сите времиња. Попрво би сакал, кога можам, да играм против друг тенисер“, заврши Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП