19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва се паметните очила на „Facebook“ и „Ray-Ban“ (ВИДЕО)

Ова се паметните очила на „Facebook“ и „Ray-Ban“ (ВИДЕО)

Паметни очила кои можат да снимаат и да ги постираат сликите и видеата директно на интернет, да примаат повици се иновација на „Facebook“, а ќе можат да се купат за 299 долари во 20 земји во светот, пишува „ВВС“.

За да фотографирате ќе треба да им кажете на очилата да го направат тоа, или да притиснете копче на самите очила, се вели во соопштение на компанијата.

Како се викаат? „Ray-Ban Stories“, затоа што со нив ќе се прават „Facebook Stories“, а биле развивани во соработка со „Ray-Ban“ и „EssilorLuxottic“. Апликацијата која е инсталирана во нив и која овозможува сликите да се споделуваат, па и да се уредуваат се вика „Facebook View“.

Очилата имаат две камери со резолуција од пет мегапиксели, што ви овозможува да фотографирате и снимате видеа до 30 секунди со помош на копче или гласовен асистент на „Facebook“. Уредот исто така е опремен со три микрофони и звучник за подобро да прима повици.

Значи, одите на прошетка во парк или во некое туристичко место и чкрапате со очилата. Луѓето од страна сепак ќе знаат дека во моментот правите фотографија бидејќи очилата имаат „LED“ светло кое ќе се вклучува во тој момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП