26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏек Николсон повеќе не излегува од дома, „Тажно е да се види...

Џек Николсон повеќе не излегува од дома, „Тажно е да се види таков актер да си оди на овој начин“.

Холивудскиот актер Џек Николсон е виден во јавноста повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција.

84-годишниот троен оскаровец ги поминува своите „тажни, последни денови“ во вилата во Беверли Хилс, велат неговите пријатели.

„Џек и јас сме пријатели со години и тој воопшто не ја напушта својата куќа … Синот и ќерката се грижат за него“, рекол пријател за “Радар Онлајн”.

Иако актерот има пет деца, најчесто се фотографира во друштво на ќерката Лорен и синот Реј.

“Физички е добро, но психички го нема. Навистина е тажно да се види таков талентиран актер како Џек да си оди на овој начин”, рекол изворот.

Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ од 2010 година, во кој глумеше со колегите Рис Витерспун и Овен Вилсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП