26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијална полициска истрага за фарсата Бразил-Аргентина

Официјална полициска истрага за фарсата Бразил-Аргентина

Бразилската федерална полиција отвори официјална истрага околу четирите аргентински фудбалери кои ги прекршиле КОВИД-19 протоколите по што дојде до бизарниот прекин на вчерашното јужноамериканско дерби помеѓу Бразил и Аргентина на „Коринтијанс арената“ во Сао Пауло.

Мечот беше сопрен само неколку минути по стартот, откако здравствените власти се обидоа да ги приведат играчите на Астон вила, Емилијано Мартинез и Емилијано Буендија, како и фудбалерите на Тотенхем, Џовани Ло Селсо и Серхио Ромеро, кои лажеле дека не биле во Велика Британија за да избегнат карантин. Под бразилските закони, странците кои пристигнуваат од Британија мора да одат на 14-дневен карантин,

Бразилската влада првично побара задолжителен карантин, но потоа ги пушти фудбалерите во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП