20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБред Пит повторно остава без здив: Обичен ден во животот на актерот...

Бред Пит повторно остава без здив: Обичен ден во животот на актерот (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Бред Пит не престанува да остава без здив многу дами ширум светот, иако е на прагот на седмата деценија.

Се чини дека 57-годишниот актер со текот на годините добива се поголем шарм, судејќи според коментарите на последната реклама.

Имено, Бред Пит се најде во реклама на италијански производител на машини за кафе, на која се гледа еден од неговите обични денови, кој нема никаква врска со Холивуд, додека тој ужива да вози мотор и да пие кафе.

Холивудската ѕвезда во ова видео го започнува своето утро рано, возејќи мотор покрај брегот на Пацификот. Застанува во пржилницата за да земе зрна кафе, а потоа оди во својата вила, каде што за себе го подготвува овој познат пијалок, се разбира со помош на машината за кафе што ја рекламира.

Коментарите на мрежите, може да се каже, се очекувано многу позитивни. Сите го коментираат неговиот физички изглед и фактот дека не изгледа како да има 57 години. Некои му даваат дури 15 помалку.

„Се што носи добро му стои“ е една од пофалбите за стилот на холивудскиот актер.

Инаку, Бред Пит со години важи за миленик на голем број жени ширум светот. Иако често го менуваше имиџот, коментарите главно беа дека секоја промена е одлична за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП