19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.09.2021

Дневен хороскоп 02.09.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Сакате да го сочувате угледот што го имате во опкружувањето во кое работите. Денес ќе бидете уценети да дадете свое мислење околу работата на еден колега и тоа ќе ви падне многу тешко. Не ги сакате уцените, но нема да имате избор. Емотивниот живот ви е исполнет со секојдневни промени.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Имате зголемена енергија и подготвени сте за нови предизвици. Меѓутоа, ви недостасува вистинска поддршка да го направите она што сте го испланирале. За тоа сте сами виновни бидејќи се однесувате како да знаете се и не ви е потребна помош. Во емотивните односи се однесувате како да немате храброст за нови почетоци.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе имате некои проблеми на работното место кои ќе ви одземат подолго време да ги решите. Премногу сте горди да побарате помош од колегите и затоа вложувате поголем напор од што е потребно. Но, тоа е ваш избор и вие така подобро се чувствувате.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Креативноста ви оди во нагорна линија, но како преговарач многу тешко се снаоѓате. Никако не ви успева да добиете соодветна материјална сатисфакција за својот труд. Потребно е да разговарате со некој кој ќе ве упати во тајните на преговарањето и кој ќе ви помогне при склучувањето на следниот договор.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Деновиве сте растргнати на повеќе страни. Освен што сакате да оставите добар впечаток на работното место, се обидувате да направите и нов проект што би можел да ви донесе дополнителни приходи. Имате зголемена енергија и доволно сте интелигентни да ја искористите на вистински начин.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата интелигенција и способноста за приспособување се ваш главен адут во бизнисот. Од соработниците умеете да го извлечете невозможното на мирен и тивок начин. Поради тие ваши квалитети секојдневно добивате признанија од претпоставените што ви ја зголемува самодовербата.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Го сакате најдоброто и не се задоволувате со просечност. Задоволни сте од поддршката што ја добивате од соработниците и горди сте поради фактот дека тие во вас препознаваат лидер. Преземете соодветна иницијатива и оправдајте ги нивните очекувања.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Многу сте амбициозни, но повремено знаете да направите исчекор кој никој не може да го разбере и да го одобри. Сакате сите околу вас да ви аплаудираат и не дозволувате да ги коментираат грешките кои умеете да ги направите. Освен на работното место, во домот исто така, сакате да се наметнете како авторитет.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу е важно да најдете начин да ги пласирате идеите што ги имате. Денес ќе добиете вистинска информација која ќе ви биде од голема полза. Разговорот со постар колега може да ве насочи во вистински правец. Ако сте сами, постои шанса да се зближите со една личност која одамна ја познавате.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

На моменти делувате промислено и се однесувате како од вас да зависат многу работи. Не потпирајте се на информациите што ги имате затоа што можат да бидат погрешни. Само од вас зависи дали ќе ризикувате или ќе се повлечете. Имате потреба од поголема слобода и се чувствувате како саканата личност да сака да ве контролира.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Динамиката на работното место се забрзува и во моментов тоа сосема ви одговара. Свесни сте дека колегите не се способни да се носат со ова темпо и дека ќе успеете да добиете признание за добро завршена работа. Доколку сте сами, се наоѓате во фаза на нови почетоци.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Самоуверено чекорите напред и воопшто не ги забележувате коментарите што се упатени на ваша сметка. Вас ве интересира само вашиот личен успех и не поднесувате кога некој се сомнева во вас. Работите ги држите под контрола и се подготвувате за голем скок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП