26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРААББА најавува големо изненадување

АББА најавува големо изненадување

Култниот шведски бенд се подготвува да направи големо изненадување следната недела, бидејќи фановите ја чекаат нивната прва нова музика по 39 години.

Во четвртокот се појави нов твитер-профил ABBA Voyage, кој ги насочи фановите кон новата веб-страница ABBA Voyage, каде што фановите треба да го пријават, односно регистрираат својот интерес да бидат меѓу првите што ќе слушнат повеќе за новиот проект ABBA Voyage.

Иако не е откриено што точно значи „ABBA Voyage“, твитот посочува датум: 2 септември, 2021 година.

Според медиумите, тоа највројатно се однесува на долготрајна холограмска турнеја, која бендот првично ја најави во 2016 година.

Бендот исто така се очекува да објави пет нови песни во текот на овој проект.

Квартетот – Агнета Фелтског, Ани-Фрид Лингстад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон – се вратија во студио во 2018 година, ветувајќи две нови песни подоцна истата година.

Тие две песни, I Still Have Faith In You и Don’t Shut Me Down беа одложени неколку пати, и бендот сега планира да објави пет песни за да им се заблагодари на фановите за трпението.

АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станаа едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп-музиката, искачувајќи се на врвот на топ-листите ширум светот од 1972 до 1982 година. АББА имаат продадено околу 370 милиони плочи во светски рамки и сè уште се продаваат милиони годишно, што ги прави едни од најпродаваните музички уметници на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП