5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапите летни трансфери во Бундеслигата

Најскапите летни трансфери во Бундеслигата

Осумнаесет германски клубови активно купуваа за 51-та сезона во Буденслигата. Особено Баерн Минхен и Борусија Дортмунд инвестираа многу во новите ѕвезди. Еве ги најскапите засилувања на тимовите летово:

10. Кристијан Клеменс (Шалке 04)

bufo10

Младиот талент на Шалке 04 е роден во Келн и беше купен од истоимениот клуб за 3 милиони евра.

9. Мухамед Абделау (Штутгарт)

bufo9

Норвежанецот со марокански корени пред тоа играше за Хановер 96, а сега е дел од Штутгарт и тоа за сума од 3,5 милиони евра.

8. Леон Горецка (Шалке 04)

bufo8

Баерн, Дортмунд и Реал Мадрид се заинтересирани за 18-годишниот Леон Горецка, но играчот го избра Шалке 04, кои го купија за 4 милиони евра.

7. Адам Салаи (Шалке 04)

bufo7

Шалке 04 го купија напаѓачот Адам Салаи од Мајнц за 8 милиони евра. Унгарскиот може да се претвори во вистински конкурент за напаѓачот на тимот Клас Јан Хунтелар.

6. Сократис (Борусија Дортмунд)

bufo6

Вечниот ривал на Шалке – Борусија Дортмунд, исто така беше активен на трансферниот пазар. Грчкиот дефанзивец Сократис Папастопулос го смени тимот и премина од Вердер Бремен во Борусија Дортмунд за 8,5 милиони евра.

5. Сон Хјун-Мин (Баер Леверкузен)

bufo5

Кореанецот Сон Хјун-Мин беше купен од Баер Леверкузен за 10 милиони евра. Тој во нападот на „фармацевтите“ ќе го замени Андре Шурле кој замина во Челзи.

4. Пјер-Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд)

bufo4

Пјер-Емерик Обамејанг е еден од најбрзите играчи во Европа, а Борусија Дортмунд го купија од францускиот Сент Етјен за 14 милиони евра.

3. Тиаго Алкантара (Баерн Минхен)

bufo3

Тиаго е играчот кого го побара новиот тренер на Баерн, Пеп Гвардиола. Клубот ја исполни желбата и го откупи за 25 милиони евра од Барселона.

2. Хенрик Мхитарјан (Борусија Дортмунд)

bufo2

Хенрик Мхитарјан го замени Марио Гетце во Дортмунд. Ерменецот дојде на „Сигнал Идуна Парк“ за 26 милиони евра.

1. Марио Гетце (Баерн Минхен)

bufo1

Борусија Дортмунд го продаде Марио Гетце на Баерн Минхен за 37 милиони евра. Тоа официјално е најскапиот трансфер во Бундеслигата пред почетокот на новата сезона која стартуваше минатата недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП