28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва МОРА да го имате во кујната: Го зајакнува имунитетот, ги отстранува...

Ова МОРА да го имате во кујната: Го зајакнува имунитетот, ги отстранува килограмите и спречува рак

Ѓумбирот е познат веќе неколку илјади години како зачинска билка која што својата примена ја наоѓа и надвор од кујната. Еве што се треба да знаете за оваа моќна намирница.

Ѓумбирот е тропска билка чие што стебло наликува на трска и може да порасне и до еден метар во височина. Коренот е меснат, дебел и исклучително ароматичен.

Во Азија овој зачин се користи и во традиционалната медицина. Во Кина се користи како помош при проблеми со варењето и за лечење на дијареа и мачнини, а исто така ѓумбирот е една од главните состојки на ајурведската медицина чие што потекло е токму од Индија. На западот најчесто ја користат за подготовка на јадења.

Причината поради која што и вие би требало да го сместите ѓумбирот во вашата исхрана е тоа што оваа намирница е исклучително богата со хранливи состојки.

Во 100 грама ѓумбир има околу 80 калории, од кои 1.82 грама протеини, 0.75 грама масти и 18 грама јаглехидрати. Овој корен изобилува со минерали, како што е калиумот, бакарот, магнезиумот и манганот, но и витаминот Ц, витамини од групата Б, но и помало количество од пантотенска киселина и ниацин.

Ѓумбирот е добар за:

Циркулација на крвта

Магнезиумот, хромот и цинкот кои што се наоѓаат во ѓумбирот можат да го подобрат протокот на крвта.

Добро варење

Ѓумбирот помага и кај проблеми со стомакот, дигестивни проблеми и вртоглавица.

Против воспаленија

Ѓумбирот содржи природни антиинфламаторни соединенија кои што ги намалуваат воспаленијата.

Последните истражувања покажаа дека ѓумбирот помага и при забоболка, главоболка, киселини, но и во спречувањето на ракот.

Како да го консумирате ѓумбирот?

Ѓумбирот може да го јадете на повеќе различни начини. Тој има специфичен вкус, но може да се додава и во солени и во слатки јадења.

Без оглед на тоа дали го консумирате свеж, како зачин во прав или кандиран, ѓумбирот може да се користи во најразлични кујни. Може да го подготвите и како чај, или да направите здрави бомбони кои што ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот, а им се препорачува и на оние лица кои што сакаат да ослабат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП