22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новиот „Mercedes Citan“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна новиот „Mercedes Citan“ (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител ја претстави втората генерација на своето мултифункционално возило, кое ќе биде достапно во патничка и товарна верзија.

Првата генерација „Mercedes Citan“ се појави во 2012-та година и беше базирана на моделот „Renault Kangoo“.

Слично е и со новата верзија, која исто така ја дели основата со францускиот мултифункционален автомобил.

На клиентите ќе им бидат понудени верзиите „Tourer“ (патничка) и „Furgon“ (товарна) со „SUS“ мотори, а во 2022-ра година ќе им се придружи електричниот „eCitan“.

Иако базиран на моделот „Kangoo“, новиот „Citan“ го има препознатливиот преден дел на „Mercedes“, со фарови, маска и значка карактеристични за моделите од Штутгарт.

Должината на возилото е 4.498 mm, додека меѓуоскиното растојание е скромни 2.716 mm. Подоцна ќе биде понудена и верзија со продолжено меѓуоскино растојание и поголем товарен простор.

„Citan Furgon“ има флексибилна преграда за товарен простор, така што е можно да се транспортираат предмети долги до 3,05 m.

Вкупниот употреблив волумен на товарниот простор е 2,9 м3, а „Mercedes“ наведува дека во „Furgon“ може да се вметнат две еуро палети.

Капацитетот за влечење на возилото е 1,5 тони.

Внатрешниот дизајн се разликува од оној на „Renault Kangoo“, а побогатите верзии имаат централно лоциран 7-инчен екран на мултимедијалниот систем, додека таблата со инструменти е аналогна и содржи мал патен компјутерски дисплеј во средината.

„Citan Tourer“ ќе биде достапен со една дизел и две бензински варијанти, додека понудата на „Furgon“ ќе се прошири со уште два дизела.

Двата бензинци се 1,3-литарски 4-цилиндрични мотори, а опциите се достапни со 102 ks (75 kW) и 200 Nm, односно 131 ks (96 kW) и 240 Nm, соодветно.

Единствениот дизел мотор во патничката верзија е четирицилиндричен 1.5-литарски со 95 ks (70 kW) и 260 Nm.

Кога станува збор за товарното возило, покрај споменатиот дизел, клиентите ќе можат да избираат помеѓу уште две дизел варијанти, ист работен волумен.

Најслабата верзија произведува 75 ks (55 kW) и 230 Nm, а најмоќната 116 ks (85 kW) и 270 Nm.

Електричниот „Mercedes eCitan“ ќе биде претставен во втората половина на 2022-ра година. Оваа целосно електрична варијанта ќе го прошири портфолиото на комерцијални возила со електричен погон, заедно со „eVitо“ и „eSprinter“.

Се очекува автономијата на возење да изнесува околу 285 километри според методологијата „WLTP1“.

Од „Mercedes“ наведуваат дека „ги задоволува потребите на комерцијалните корисници кои често го користат ова возило за курирски и услуги за испорака во центарот на градот“.

Се очекува дека на станиците за брзо полнење, батериите ќе можат да се полнат за 40 минути, од 10 до 80 проценти од капацитетот.

Во однос на димензиите на багажниот простор, товарот и достапноста на опремата, клиентите не мора да прават отстапки во споредба со возилото опремено со конвенционален мотор. Дури и кука за приколка ќе биде достапна за „eCitan“, ветуваат од производителот.

„Mercedes“ ќе започне да прифаќа нарачки за новиот „Citan“ од средината на септември, а препорачаната цена во Европа започнува од 23.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП