26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБобан Николов позитивен на Ковид 19 – ги пропушта ли септемвриските квалификации?

Бобан Николов позитивен на Ковид 19 – ги пропушта ли септемвриските квалификации?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов е заразен со Ковид 19.

Фудбалерот кој неодамна потпиша договор со молдавскиот шампион Шериф Тираспол е во проблеми пред дебито за новиот клуб, а во прашање е доведен и неговиот настап на септемвриските квалификации за Мундијалот во Катар во 2022 година.

Новиот селектор на Македонија, Боби Милевски денеска во 12 часот ќе го објави списокот на фудбалери за натпреварите кои треба да ги одигра нашиот национален тим на 2. септември против Ерменија на домашен терен, на 5. септември кај Исланд и на 8. септември повторно во Скопје, овојпат против Романија.

Милевски сигурно нема да може во овие три натпревари да смета на услугите на Аријан Адеми – капитенот на Динамо Загреб поради повреда, а недостатокот на Николов би бил уште еден голем удар во средниот ред на репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП