10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ10 одлични причини за да јадете диња и 5 начини како да...

10 одлични причини за да јадете диња и 5 начини како да уживате во нејзиниот вкус

Дињата ја знаеме како овошје со кое се разладуваме и со задоволство го консумираме во текот на врелите летни денови. А всушност, дињата е зеленчук кој му припаѓа на семејството краставици…

Дињата е нискокалорична (100 грама диња содржи 30 калории) и поради високата концентрација на вода (90 отсто), дињата е вистинско летно освежување.

9444_dinja-stock-photo-melon-slices-on-white-background-shutterstock_22270381_630x0

Зошто треба да јадеме диња?

Консумирањето на овошје и зеленчук е поврзано со намалувањето на здравствените ризици предизвикани од лошите навики. Истражувањата укажуваат на тоа дека со редовно консумирање на намирници како што е дињата, се намалува ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Во продолжение запознајте се со уште некои благодети од дињата:

– Старосна дегенерација на макулата – антиоксидантот зеаксантин има заштитна улога за окото.

– Астма – високото ниво на бета каротени и витамин Ц го намалуваат ризикот за развој на астма.

– Крвен притисок – растителните влакна, калиумот, витаминот Ц и холинот кои се наоѓаат во дињата го подобруваат здравјето на срцето.

– Карцином – исхраната богата со бета каротен потенцијално штити од развој на карцином на простатата и дебелото црево.

– Варење – високата концентрација на вода и растителни влакна помага во превенција од констипација како и за подобрување на нормалната работа на дигестивниот систем.

– Хидрирање – поради високата концентрација на вода, дињата е совршена ужинка за спречување на дехидратација во текот на врелите летни месеци.

– Кожа и нокти – високата концентрација на витаминот А влијае на создавање на себумот и телесните клетки (кожа и коса). Високата концентрација на витаминот Ц пак го подобрува создавањето и одржувањето на колагенот којшто ја обезбедува структурата на кожата и косата.

slices-of-honeydew-melon

Кој треба да биде внимателен со дињата?

Личностите на коишто им се препишани бета блокатори треба умерено да консумираат диња поради високата концентрација на калиум. Бета блокаторите може да го зголемат порастот на нивото на калиумот во крвта, а за личностите на коишто бубрезите не им функционираат нормално, прекумерното консумирање на калиум може да биде штетно.

Како да изберете диња?

Бирајте диња којашто е цврста, тешка и симетрична, а без меки точки или оштетувања. Во денешно време поголемиот дел од овошјето може да се купи во текот на целата година. Сепак, слаткиот вкус и сочноста зависи од сезоната на којашто тоа овошје и припаѓа. Пред сечењето, потребно е да се испере кората (надворешниот дел), за да се намали ризикот за пренос на салмонела на месото (внатрешниот дел).

94681_profimedia0152904808-dinja_630x0

Како да уживате во дињата?

– Еден од најдобрите и најлесните начини е да ја исечете дињата на мали кришки и пред јадењето да ја изладите.

– Направете тропска овошна салата со свеж ананас, манго и диња, а сето тоа на крајот наросете го со кокосово брашно.

– Коцки или топчиња диња додадете во чаша вода или лимонада.

– Додадете коцки изладена диња во јогурт и послужете наместо сладолед.

– Направете овошни ражничи од диња, јагода и уште некое овошје, па прелијте со стопено црно чоколадо или прелив од јогурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП