26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРадикален потег: Тојота речиси ќе го преполови производството

Радикален потег: Тојота речиси ќе го преполови производството

Јапонскиот производител на автомобили Тојота објави дека мора да го намали глобалното производство за 40 проценти во септември поради влијанието на коронавирусот врз неговиот синџир на набавки.

Автомобилскиот гигант првично имаше намера да произведе нешто помалку од 900.000 возила следниот месец, но тој број е намален на околу 500.000.

Погодените модели на Тојота ги вклучуваат Corolla, Prius и Land Cruiser.

„Искрено се извинуваме за непријатностите предизвикани на нашите клиенти и добавувачи од овие промени“, се вели во соопштението на компанијата.

Тојота со години е на врвот во автомобилската индустрија според бројот на произведени и продадени возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП