Италијанскиот производител „Ferrari“ подготвува уште еден ексклузивен суперавтомобил, на кој во моментов работат одделот за специјални проекти (ЅР) на марката. Тој ќе се нарекува „SP48 Unica“, според објавата на форумот на „Ferrari Chat“.
Познато е дека новиот автомобил е базиран на моделот „Ferrari F8 Tributo“. Сепак, тој е сериозно редизајниран, како што е случајот со сите специјални модели подготвени од „ЅР“ на компанијата. Во форумот на дијалогот се вклучи и сопственикот на автомобилот, кој го покажа и своето лого.

